Skip to main content

Веспрем како машина во ракометната ЛШ

Со одигрувањето на петте натпревари синоќа беше комплетирано 6.коло од ракометната Лига на шампионите со што заврши првата фаза, а три екипи имаат максимален ефект. Шест победи постигнаа: Веспрем, Барселона и Магдебург, а од шесте групи 12 екипи ќе продолжат во следната фаза.

Покрај овие екипи во борба за шампионскиот пехар остануваат: Фуксе Берлин, Висла, Мелсунген, ПСЖ, Алборг, Спортинг, ГОГ, Динамо Букурешт и Киелце.

Македонскиот првак Вардар кој освои три бодови во групата Б и се пласира зад Висла, Мелсунген и Нант натпреварите во европските купови ќе ги продолжи во Лига Европа.