Skip to main content

Македонски филм. На големо платно: „Снежана на крајот умира“ на 2 ноември во Синеплекс

Бесплатна кино проекција на „СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ на 2 ноември во Cineplexx.

Колку е тешко да останеш чесен и верен на своите вредности во морално корумпирана средина?

Филмот на сценаристот и режисер Кристијан Ристески го истражува ова прашање преку социјална драма и комедија на апсурд. Три испреплетени приказни, три групи луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град чии патишта се допираат и влијаат едни на други.

Во улогите: Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.

Понеделник, 2 ноември, во 19:00 часот📍 Cineplexx Скопје

Влезот е бесплатен!

Се гледаме во кино!