Skip to main content

Премиерот Мицкоски во посета на Гази Баба

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во населеното место Јурумлери.

Како што информираат од владината прес-служба, посетата е предвидена во рамки на активностите за реализација на инфраструктурниот проект.

Изградбата на новата фаза од вакуумската канализација е насочена кон унапредување на комуналните услуги и подобрување на условите за живот на жителите на Јурумлери.

Поврзани вести