
Претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, го посети семејството Синани во Македонија, на кое му се заблагодари за гостопримството и солидарноста покажана кон Албанците од Косово за време на војната, oбјави „arbresh.info“

Преку објава на Инстаграм, Хаџиу потсети дека пред 27 години се вратила во ова семејство како дете бегалец од војната.
Таа рече дека се вратила за да тагува, да се сети и да им се заблагодари на семејството Синани, како и на другите Албанци од Македонија, кои, според неа, ги отвориле вратите на своите домови и срца за граѓаните на Косово во најтешките денови од војната.

Македонски

