Skip to main content

ЕУ и САД се согласија да извршат максимален притисок врз Русија

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас и Марко Рубио денеска го одржаа првиот телефонски разговор по потврдата на новиот американски државен секретар на функцијата. Двајцата се обединија околу мислењето дека е неопходно да се одржи максимален притисок врз Москва.

Калас и Рубио разговарале за потребата од соработка за да се постигне траен мир во Украина.

Првиот разговор меѓу Калас и Рубио се одржа на позадината на повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп во сферата на трговијата и одбраната.

Новиот американски претседател неодамна изјави дека европските земји ќе бидат оданочени бидејќи само така може фер да се однесуваат кон САД. Тој, исто така, побара европските земји да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од нивниот бруто домашен производ.

За време на разговорот со нејзиниот американски колега, Калас зборуваше за зголемување на европските инвестиции во одбраната, јавија француските медиуми повикувајќи се на свој извор. Рубио и Калас, исто така, ја истакнале важноста од зајакнување на соработката меѓу ЕУ и САД во однос на ситуацијата на Блискиот Исток и предизвиците што ги носи Кина. Тие се согласија дека е неопходно да се одржи максимален притисок врз Москва за да се постигне праведен и траен мир во Украина.

Поврзани вести