Skip to main content

Документарна изложба „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“

Документарна изложба насловена „Времеплов – првите чекори кон урбанизацијата на Скопје“ ќе биде отворена вечер од 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“, информираат од Српскиот културно-информативен центар „Спона“ од Скопје.

Документарната изложба е во рамките на истоимениот проект, поддржан од Град Скопје за 2026 година, во областа – поддршка на манифестации и настани од важност на Град Скопје. Низ приказот на најрепрезентаивните градби, преку изложба на урбаните целини од првата половина на XX век, ќе се овозможи историски преглед на забрзаниот развој и трансформација на Скопје за време на мандатот на Јосиф Михаиловиќ, како и начинот на кој била планирана урбанизацијата во споменатиот период – се додава во соопштението.