Skip to main content

Премиерот Мицкоски телефонски разговорал со Срдановиќ и му посакал успех во периодот што следува

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски телефонски разгварал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија која победи на вонредните избори во таа земја.

Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија. Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Поврзани вести