Skip to main content

Македонски филм. На големо платно: „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски“ вечерва во Синеплекс

„ГОДИНА НА МАЈМУНОТ“ | Владимир Блажевски

26 октомври | 19:00 часот Cineplexx – бесплатен влез

Игор Ангелов во улогата на Цобе, сиромашен чувар во скопската Зоолошка градина, нè води низ приказна во која потрагата по избеганото шимпанзо Коко прераснува во општествен апсурд.

Покрај Ангелов, во актерската екипа се Марија Кон, Решит Береда, Рефет Абази, Тања Кочовска и Петер Елиот, кои го оживуваат необичниот свет на оваа црна комедија по сценарио и во режија на Владимир Блажевски.

Приказна за пријателството и слободата, со хумор што засмејува и поттикнува на размислување.

Македонски филм. На големо платно.