Skip to main content

Ќе има нафта: Грчкиот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ останува во Саудиска Арабија

Грчкиот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ останува во Саудиска Арабија, најави премиерот Мицотакис. Грција одговорила позитивно на барањето на Саудиска Арабија, грчкиот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ да остане во земјата, за што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го информирал престолонаследникот Мохамед бин Салман бин Абдулазиз Ал Сауд на нивната средба во Ријад.

Се очекува ова да има позитивно влијание на испораката на нафта од Саудиска Арабија во Грција и регионот.