
Британската влада издаде препорака домаќинствата во Велика Британија да создадат сопствени резерви од храна, вода и основни потреба за најмалку три дена (72 часа) поради можни кризни ситуации како невремиња, сајбер-напади или саботажи.
Што опфаќаат препораките:
- Храна: Конзервирана и трајна храна која не бара готвење или струја за подготовка, доволна за 3 дена.
- Вода: Најмалку 3 литри вода за пиење по лице дневно, односно околу 9 литри по лице за период од три дена.
- Други потреби: Готовина, батериско радио за итни случаи и други основни средства за преживување

Македонски

