Skip to main content

Тешко повреден 38-годишен возач на мопед во сообраќајка во Скопје

Во сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Никола Тесла“ и „Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, тешко е повреден 38-годишен возач на мопед, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, несреќата се случила на 22 октомври околу 15:40 часот, кога се судриле патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишната М.А.С. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К. (38), исто така од Скопје.

Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести