Skip to main content

Без консензус нема промена на имиња на улици

Не може да има промена на имињата на улиците без консензус. Тоа зависи од одлука на Влада. Доколку има таква еднострана одлука јас таква точка на дневен ред нема да разгледувам – рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан за тоа дали прифаќа промена на имињата на улиците во Тетово како што најави тамошниот градоначалник.

Премиерот потсети на коалицискиот договор околу промената на имињата на улиците.

-Има коалициски договор, а тоа е дека сите улици без имиња , со имиња кои имаат броеви ќе се именуваат, односно ќе добијат имиња. Но, тие имиња треба да бидат прифатени со консензус од Владата – рече Мицкоски.

Градоначалникот на Тетово деновиве најави дека ќе има промена на имињата на повеќе улици во градот.

Поврзани вести