Skip to main content

Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора, остварил средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо.

Мицкоски за средбата информираше преку објава на Фејсбук, истакнувајќи дека разговарале за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, наведува премиерот во објавата.

Поврзани вести