
Пејачката Софија Манева повторно е активна на музичката сцена со нова верзија на „Љубов или нешто друго“ – песна од нејзиниот постар репертоар која добива модерен звук, свеж аранжман и сосема нова видео-приказна.
Во новиот спот, Софија се појавува во секси и заводливо издание, со стајлинг што ја истакнува нејзината женственост. Со сигурен настап пред камерите и внимателно осмислени кадри, пејачката ѝ дава нова енергија на добро познатата нумера и ја претставува во поинакво светло.
За режијата на видео-записот е задолжен Даниел Јовески, кој преку визуелниот концепт ја надополнува музичката приказна и создава спот што го следи карактерот на песната.
Новата верзија носи спој на препознатливата мелодија и современиот музички израз, со цел „Љубов или нешто друго“ повторно да допре до публиката што ја памети, но и да ги освои помладите слушатели.
Многу сум задоволна од тоа како изгледа целиот проект. Сакав „Љубов или нешто друго” да добие нов звук, но и видео-приказна во која ќе се чувствувам самоуверено, женствено и секси. Мислам дека успеавме да направиме интересна комбинација и навистина се надевам дека на публиката ќе ѝ се допаднат и песната и спотот. Едвај чекам да ги слушнам нивните реакции“, вели Софија Манева.
Со ова издание, Софија покажува дека песните од нејзиниот постар репертоар можат да добијат нов живот низ поинаков звук и визуелен пристап.
Софија не застанува тука! Пејачката веќе работи на нов музички проект, кој публиката ќе има можност да го види многу наскоро. Новиот сингл е само најава за она што следува, па останува да видиме со што Софија ќе ја изненади публиката во наредниот период.

Македонски

