
Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да настапи на вечерашниот дуел против Арсенал во Лигата на шампионите по смртта на неговиот татко Бертолд, кој починал на 57-годишна возраст.
Германскиот гигант ја потврди тажната вест и соопшти дека на Кимих му е овозможено да се повлече од клупските обврски до крајот на неделата, за да помине време со семејството во овие тешки моменти.
„Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих денес нема да биде во составот за натпреварот против Арсенал. Ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на семејството и нивната тага, како и да се воздржат од дополнителни прашања и известувања. На Џошуа и неговите најблиски им изразуваме најдлабоко сочувство“, соопшти Баерн Минхен.
Отсуството на германскиот репрезентативец е значаен кадровски хендикеп за Баварците во пресрет на еден од најинтересните дуели во европскиот фудбал. Сепак, во овој момент најважни се поддршката за Кимих и почитувањето на приватноста на неговото семејство.
Баерн Минхен вечерва од 21:00 часот го пречекува Арсенал во натпревар од третото коло во Лигата на шампионите.

Македонски

