Skip to main content

Најмладиот милионер имал 4 години, највисоката плата лани изнесувала 190.000 евра месечно

Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен доход над еден милион денари во Македонија за 2025 година, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП). Детето остварило доход од дивиденда, додека највозрасниот примател на милионски доход има 97 години, а приходите му се од пензија и од други извори.

Од УЈП појаснуваат дека податоците се однесуваат на остварениот годишен доход, а не на вкупната вредност на имотот што го поседуваат лицата.

Нешто под 190.000 евра месечно во бруто износ пак е највисоката плата која е исплатена во минатата 2025 година, покажува извештајот на УЈП. Станува збор за плата исплатена во секторот вадење камен јаглен. Оваа која на годишно ниво надминува 2,2 милиони евра е за околу 2% повисока од ланската највисока плата.

Целиот топ 5 највисоки плати во Македонија е над 2 милиони евра годишно во бруто износ и сите се исплатени во Скопје. Станува збор за плати поделени во секторите: aптеки, трговија со тутун храна и пијалоци, болници и трговија со фармацевтски производи.
Најмногу пари надвор од плата, како дополнителен приход пријавил скопјанец кој лани инкасирал нешто под 2 милиони евра бруто на годишно ниво.

Во листата на 5 највисоки приходи има уште 3 годишни приходи над милион евра и еден од 42 милиони денари.Најмногу приходи од дивидеднда пријавил гевгеличанец кој лани земал над 4 милиони евра. Слична сума пријавил и охриѓанец.

Лани, според извештајот на УЈП изготвени се 863.100 годишни даночни пријави, што е за близу 83.000 повеќе отколку во 2024 што е +10,6%
Утврдениот бруто приход е за 74,1 милијарди денари повисок (+13,8%), а утврдениот данок на личен доход за 4,9 милијарди денари (+13,9%).

Најголем број даночни пријави се регистрирани во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Поврзани вести