Skip to main content

До 5 години затвор за насилни демонстрации, родителите да плаќаат за штетата од нивните деца – нови мерки во Италија по немирите

Италија ќе одобри нови безбедносни мерки насочени кон малолетниците по неколкудневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и оштетија имот.

Владата на премиерката Џорџа Мелони усвои декрет со кој се предвидуваат построги казни за организираното насилство, превентивно приведување, санкции за родителите и дополнителни 500 војници на улиците во градот.

Според новите правила, за малолетниците постари од 14 години ќе се претпоставува дека можат да ги разберат своите постапки и да управуваат со нив, освен ако не се докаже спротивното. Предвидена е и можност за нивно дополнително апсење под законски утврдени услови.

Родителите или другите лица одговорни за малолетници што ќе извршат одредени кривични дела може да добијат административни санкции, освен ако докажат дека не можеле да го спречат нивното однесување.

Новите мерки предвидуваат затворски казни до пет години и парични казни до 20.000 евра за одредени облици на групно насилство. Предвидена е и можност родителите да сносат финансиска одговорност за материјалната штета што ќе ја предизвикаат нивните малолетни деца.

Демонстрирањето е право, но уништувањето на нашите градови не е, порача Мелони објавувајќи ги мерките што ги одобрија за борба против насилството и заштита на безбедноста на граѓаните.

Поврзани вести