
Во сообраќајна несреќа во Скопје тешко е повредено шестгодишно дете кое се возело на електричен тротинет.
Според информациите на МВР, вчера во 18:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Лек Дукаѓини“ и ул.„Клинска Леса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(22) од Скопје и електричен тротинет управуван од 11-годишен малолетник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил шестгодишен сопатник од тротинетот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонски

