Skip to main content

Подгответе се за продолжен викенд

Следува нов неработен ден за сите граѓани, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Бидејќи празникот се паѓа во петок, граѓаните ќе имаат можност за продолжен викенд.

До крајот на 2026 година останува уште еден неработен ден за сите граѓани – 8 Декември, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“. Овој ден се паѓа во вторник.

Така, до крајот на годината граѓаните ги очекуваат уште два неработни дена, од кои октомврискиот празник носи продолжен викенд.

Поврзани вести