
На Факултетот за драмски уметности во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Девет комедии“ од драмскиот автор и професор по драматургија и сценарио во пензија Русомир Богдановски.
Промоцијата ќе се одржи со почеток во 19 часот, а книгата ќе ја претстави театрологот и професор Деспина Ангеловска, во присуство на авторот.
Изданието содржи девет комедии создадени во периодот од 1968 до 2025 година, меѓу кои и најновата драма „Не плачи, Ленке“, која досега не е објавена ниту поставена на театарска сцена.
Во рамки на настанот, извадоци од делата ќе читаат студентите од четврта година на насоката актерска игра при Факултетот за драмски уметности, од класата на професорот Ангелчо Илиевски.
Како специјален гостин на промоцијата ќе настапи и актерот и комичар Благоја Чоревски, кој ќе им се придружи на студентите во интерпретацијата на избрани делови од комедиите.

Македонски

