Skip to main content

Брвеница оди во втор круг, Радичевски во водство пред Јахји

Фејсбук профил на Стојачно Радичевски

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,90 отсто од гласовите, додека кандидатот на НАИ доби поддршка од 28,45 проценти од гласачите.

Во Општина Брвеница ќе се одржи втор круг од изборите за градоначалник, откако ниту еден од кандидатите не освои доволно гласови за победа во првиот круг, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија (ДИК).

Според обработените резултати од сите 24 избирачки места, Стојанчо Радичевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, е во водство со освоени 2.943 гласа, односно 38,90 проценти од гласовите.

На второто место е Аркин Јахји, кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), кој освоил 2.152 гласа, или 28,45 проценти.

Јакуп Хусеини, кандидат на коалицијата ВЛЕН, добил 1.528 гласа, што претставува 20,20 проценти од гласовите, додека кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, освоил 706 гласа, односно 9,33 проценти.

Според овие резултати, во вториот круг за градоначалничката функција ќе се соочат Стојанчо Радичевски и Аркин Јахји.

Поврзани вести