Skip to main content

Загина 70-годишен возач на камион од Гостивар, излетал од патот и удрил во метална ограда

Седумдесетгодишен возач од Гостивар починал откако со товарно возило излетал од коловозот на Јадранска магистрала во Скопје. По извршените проверки било констатирано дека починал од природна смрт.

На 16 октомври 2026 година, околу 08:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на надпатникот на Јадранска магистрала, товарно возило „МАН“ со приколка и гостиварски регистарски ознаки излетало од коловозот и удрило во металната одбојна ограда.

По несреќата, возачот Г.А. (70) од Гостивар бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што лекар констатирал смрт.

Бил известен јавен обвинител, а по негова наредба телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина, каде што било констатирано дека смртта настапила од природни причини.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести