Skip to main content

Македонија ќе биде домаќин на Состанок на лидерите од регионот, за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март о.г., Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. Одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план.

Дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот.

Оваа одлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство.

Поврзани вести