
Полицијата пронашла пиштол и кокаин при претрес во дом и помошни простории во тетовското село Голема Речица. Во врска со случајот, лишен од слобода е 57-годишен маж со иницијали А.А., соопшти Министерството за внатрешни работи.
Претресот бил извршен вчера, во периодот од 15 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
„При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „Екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин“, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека за време на претресот, лицето упатило закани кон полициските службеници, по што било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против 57-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски

