
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, преку објава на социјалните мрежи испрати политичка порака во која отворено повикува на поддршка за кандидат за градоначалник во Брвеница и промени во општината, со критики кон актуелната Влада.
„Драги пријатели од Брвеница, дајте му ја довербата на XXX. Нека утре од Брвеница одекне јасна порака дека е време за промени!“, пишува Митовски во објавата, во која наведува и дека граѓаните заслужуваат повеќе.
Објавата содржи директен повик за поддршка на конкретен кандидат, како и политички пораки насочени против актуелната власт, што отвора прашање дали станува збор за политичка пропаганда за време на изборниот молк.
Според правилата на Изборниот законик, за време на изборниот молк се забранети облици на изборно претставување и пропаганда што можат да влијаат врз одлуката на избирачите.

Македонски

