Skip to main content

Невреме со снег и грмотевици: Зимска бура зафати делови од САД

Југозападните и западните делови на САД во изминатите денови се најдоа под удар на остатоци од тропската бура Рејчел, која претходно го погоди најсеверниот дел од полуостровот Калифорнија како ураган од категорија 1.

По ударот од Тихиот Океан, невремето ја зафати јужна и југоисточна Калифорнија, Невада и Аризона, каде што во пустинските предели паднаа до 100 литри дожд, предизвикувајќи поплави и порои. Најкритична ситуација беше забележана во областа на Лас Вегас.

Системот потоа се префрли кон Монтана, Јута и Ајдахо, носејќи студен бран и обилни снежни врнежи. Слични временски услови го зафатија и Колорадо, каде што првиот обилен снег падна во планинските региони.

Во планините во близина на Денвер натрупа дури половина метар снег. Видемие снимки од теренот покажуваат вистинска зимска бура проследена со силни врнежи и ретка појава на грмотевици и молњи во еден од најстудените моменти од невремето.

Поврзани вести