
Од 16 до 18 октомври 2026 година ќе се одржи Меѓународна конференција за форензичка психијатрија во Конгресниот центар на хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.
Конференцијата ја организираат Македонската психијатриска асоцијација, на чие чело е проф. д-р Антони Новотни и ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија, предводена од проф. д-р Славица Арсова, со поддршка на Светската психијатриска асоцијација (WPA), чија Секција за форензичка психијатрија ја предводи проф. д-р Новотни.
На конференцијата се очекува присуство од над 200 експерти, меѓу кои и меѓународни предавачи од Канада, Германија, САД, Мексико, Хрватска, Србија, Словенија и Шведска. Учество ќе земат и експерти од Институтот за судска медицина, Комората за вештаци, трауматолози и претставници од Министерство за правда.
Во програмата се застапени теми што имаат големо значење за пошироката јавност: заштита на децата и постапување во случаи на злоупотреба, семејно насилство и фемицид; процена на одговорноста и способноста на лица да учествуваат во судски постапки; менталното здравје во затворите; правата на пациентите и етичките стандарди во психијатријата. Ќе се разговара и за деменцијата и правната способност, зависностите и форензичната експертиза на сериските убијци.

Македонски


