
Александар Прокопиев е еден од повиканите учесници на IV меѓународен фестивал на прозата „Quadrat“ што од 15-18 октомври се одржува во Кишинев, престолнината на Молдавија. Фестивалот е најголем молдавски фестивал на прозата, на којшто годинава, освен македонскиот писател, учествуваат еминентни прозаисти од „четирите страни на Европа и подалеку“, од Шпанија, Италија, Романија, Турција, Азербејџан, Словачка, Украина и Унгарија. Богатата фестивалска програма е исполнета со разговори и настапи на авторите во репрезентативни места во Кишинев.

Во рамките на фестивалот издаден е специјален број на списанието „Quadrat“ со избор на текстовите од авторите, преведени на романски, проследени со богати библиографски податоци.

Македонски


