Skip to main content

Наградата „23 Октомври“ доделена на Ѓорѓи Јолевски, проф. д-р Стојко Стојков и проф. д-р Виктор Лилчиќ- Адамс

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

                                                                                                                                                                                                                          О Д Л У К А

        за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес  на Република Македонија

1.       За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му 

 се доделува на:

– Ѓорѓи Јолевски, актер.

2.      За остварување во областа на науката, наградата им се доделува на:

– проф. д-р Стојко Стојков, историчар;

– проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, археолог.

                Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2026 година (петок) во 11 часот, во Собранието на Република Северна  Македонија.

Поврзани вести