Skip to main content

Приведен 25-годишен скопјанец кој ја натепал сопругата од која се разведува

Принтскрин

Скопјанец на 25-годишна возраст бил приведен откако бил пријавен за физички напад врз сопругата со која е во бракоразводна постапка.

Тој бил лишен од слобода на 12 октомври во 21:15 часот, во Полициската станица Кисела Вода. Според пријавата, нападот се случил во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести