Skip to main content

Уште седум дена остануваат за пријавување на наградата за научно репортерство „Колега Стиков“ што ја доделува „Наука за деца“

Во пресрет на годинашната конференција „Наука за деца“, распишан е конкурс за наградата „Колега Стиков“, за најдобра медиумска содржина изработена од ученици и средношколци посветена на македонската наука.

Учесниците треба да се на возраст до 18 години и да подготват оригинална мултимедијална содржина (видеорепортажа, интервју, поткаст, документарен прилог) со траење од најмногу 5 минути.

Пронајдете приказна што вреди да се раскаже: изум или откритие на научник од Македонија или родум од Македонија чија работа заслужува да биде позната, велат организаторите.

Материјалите треба да се пратат на е-адресата: [email protected] заедно со име и презиме, возраст, училиште, град и телефон за контакт. Рокот за пријавување е 21 октовмри.

Наградата се состои од 30,000 денари и можност за понатамошно менторство. Се доделува во чест на доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков, а ја доделуваат семејството Стикови и фондацијата Кантарот.

Поврзани вести