
Во петок, на 16 октомври во Скопје ќе биде одбележан споменот на Тоше Проески, еден од најсаканите македонски музичари.
Со музика, спомени и настапи на бројни изведувачи, настанот под мотото „Тоше те сакаме сите“ ќе се одржи во Ново Лисиче со почеток во 16 часот, на улицата што го носи неговото име.
Програма ќе ја изведат хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“, заедно со познати музички имиња и млади таленти, кои преку песните ќе му оддадат почит на Тоше.
Меѓу најавените изведувачи се групите Next Time и The Crew, како и Ламбе Алабаковски, Филип Божиновски, Владимир Поповски, Тамара Волческа, Мими Јовановска, Бојана Арсовска, Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска.
Во програмата ќе учествуваат и младите музички таленти Михаил Милошевски, Јосиф Коштрмовски, Ивана Билјана, Андреј Цаневски, Нела Манчевска, Лара Митевска, Бјанка Цорциана Дуца и Агнеса Русомарковска.
Со голема љубов и почит ве покануваме заедно да го одбележиме споменот на нашиот Тоше Проески, човекот чија музика, хуманост и добрина засекогаш остануваат во нашите срца“, се наведува во поканата за настанот.

Македонски


