
Се надевам дека многу бргу бесеже-вакцините ќе пристигнат во Македонија и дека нема да има проблеми во врска со прекинот на вакцинацијата – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
Тој посочи дека прашање на денови е пристигнувањето на бесеже-вакцините.
Вакцините се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, во тек е организација на логистиката, така што се завршува со деталите – додаде Клековски, пренесува МИА.

Македонски


