Skip to main content

Tри фенг шуи совети за есенско освежување на домот

Според принципите на фенг шуи, во домот треба да се чувствуваме удобно и опуштено за тоа да ја обликува нашата енергија и расположение.

Топлината на домот се состаи од лични детали, кои откриваат што ни се допаѓа и во што уживаме. Есенските детали не само што го збогатуваат просторот, туку создаваат и чувство на домашна удобност и хармонија, зошто сезоната обезбедува изобилство од природни материјали што можете да ги користите во декорацијата: цвеќиња, овошје, гранки и лисја.

Инспирирајте се од природата и дизајнирајте букети и аранжмани што ќе го збогатат секој агол од домот, а со тоа и вашето расположение и добра енергија.

Цвеќе

Ако планирате да аранжирате поголеми цветни аранжмани, изберете комода, празна полица или маса што нема да се поместува. Правилното усогласување на големината на букетот и вазната е клучно за визуелна рамнотежа, а вазна што е премногу мала или преголема може да ја намали убавината на цвеќињата.

За подолга свежина на цвеќињата, користете го аранжманот во сад со сунѓер – стеблата се сечат пократко, а цвеќињата ја задржуваат влагата. Од друга страна, невнимателно наредените букети во вазна изгледаат спонтани и воздушести, што е идеално за почетници. Ваквите аранжмани внесуваат природна леснотија и чувство на живост во просторот.

Венци со овошје

Есенските венци се совршени за внесување на природата во домот. Најдобро е да користите цвеќиња и овошје што може да се сушат, како што се хортензии, лаванда, гипсофила, бршлен, брезови гранки или павијатина. Ако планирате да го закачите венецот на врата или ѕид, проверете дали плодовите се добро прицврстени за да не паднат.

Можете едноставно да ги распоредите богатите есенски плодови на послужавник или во сад. Таквиот аранжман на масата создава мала природна рапсодија на која секој гостин со задоволство ќе се восхитува.

Гранки во кошница

Едноставна гранка со лисја во тегла, чинија или кошница евоцира шумска идила во вашиот дом.

Можете да ги збогатите ваквите аранжмани со јаболка, костени, круши или декоративни тиквички. Овие детали се совршени за трпезаријата, ходникот или дневната соба, бидејќи внесуваат чувство на природна рамнотежа и топлина.

Поврзани вести