
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, верува дека напаѓачот Рафиња е клучен играч за сегашниот тим на Барселона.
Ќе мора да го запреме. Навистина ми се допаѓа Рафиња. За мене, тој отсекогаш бил клучен играч за Барселона. Кога го нема, тимот многу страда, според мене, но кога игра, Барселона изгледа многу добро, изјави Куртоа за „Онда Серо“.
Дваесет и деветгодишниот Бразилец одигра осум натпревари за Каталонците оваа сезона, постигнувајќи 14 гола. Има и три асистенции.
По седум кола, Барселона е лидер во Ла лига со максимални 21 бод, Реал Мадрид е на 4. место со 15 бодови.
Големото дербито на шпанскиот фудбал, Барселона – Реал Мадрид на распоредот е на 25 октомрви на теренот на каталонскиот тим

Македонски


