
Добредојдовте во новата сезона на петте минути со Чавез. Значи ова политичариве не не оставија да одмориме. Човек да не може да отиде на одмор, одма ќе направат некоја глупост. Ама не се заебаваат и судиите, не остана криминалец во затвор, сите ги пуштија. Одиме по ред, и со криминалците и со политичарите, нема некоја голема разлика, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Добро овие од инцијативата за промени во СДСМ зошто го нервираат Венко? Запнале да го сменат. Абе ваков Филипче е топ за ВМРО ама штетен за Македонија. Они него, абе ќе ги згази како шлепер жаба. Славјанка, Шема, Андреј Петров, на сите им најде маана. Молчеле кога Бујар им го дал готовиот француски предлог на Бихаќа да го ѕирнат а сега му го удираат од глава.. Еве и за премиерот Мицкоски вели дека е глуп што не сака да го смени уставот и бара да ја користиме уметноста во политиката ако направиме уставни измени а Бугарите пак не заебаваат со некое ново барање во преговорите со ЕУ. Венко дефинитивно е западнат во лошо друштво. Лошото друтштво се вика Заев, Богданка, Фрчко мали. Му викаат претседателе топ си, како им го шлапна на вмровците, цар си, како Самоил.

Се сеќавате на она заевото ебаму името ебаму. Преведено во денешно време би било…ебаму коските ебаму. Да, македонскиот цар или коските од којзнае кого заминаа за Софија, иако за време на животот никогаш не бил таму. Кога не му верувавме дека Цар Самоил је пуно шетао.Ако Зоки и Бујар беа уште на власт за да им се додворат на Бугарите веднаш ќе им го пратеа споменикот на Цар Самоил од Плоштадот Македонија. Немаше око да им трепне да ја раскопааат и тврдината во Охрид,, ама таму има многу камења за утовар и истовар, а Заевци не се учени на работа.

Не за џабе се вели не им верувај на Данајците и кога носат подароци. Да, Грците како познати трговци добро се ипазариле со Бугарите за посмртните останки на Цар Самоил. Еве бугарскиот историчар Горан Благоев самиот си објави дека ништо нема за џабе и оти Бугарија и дала на Грција артефакти од Охридската архиепископија како и икони од Северна Грција каде што живееле Македонци. Значи пазар имало, а ние сме биле кусурот.

Уште не ви е јасно дека сево ова околу Цар Самоул е смислена игра помеѓу Бугарија и Грција насочена против Македонија. Кога може Самоил од мајка Ерменка и татко Никола од Преспа да стане Бугарин, ние се надеваме дека Бугарија некогаш ќе ги врати украдените реликвии од Охрид. Златната митра на Св. Климент има непроцениливо значење. Во Бугарија тоа добро го знаат.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен дојде во Скопје за да ни каже дека иако сме лидери, фронтранери што би се рекло модерно, правиме најмногу реформи, нема ни да почнеме преговори ако не ги внесеме Бугарите во Устав.Многу лидерски од нивна страна .За ова ич не мораше да доаѓа. Уште ни рече дека пред нас во ЕУ ќе влезат Украина и Молдавија. Украина ај што е во војна туку е шампион во корупција. Ама во ЕУ сакаат такви, како на времето Бугарија која сега е нивен тројнански коњ за Македонија. На Урсула не и се слуша ЕУ да се вклучи во спорот што го имаме со Бугарија туку не пратија во Софија на преговори. А Бугарите се познати по дипломатија. Нивната дипломатија се вика вето, со амин на Брисел. Фала ти Урсула, ваквата поддршка Македонија нема никогаш да ти ја заборави.

Македонски


