Skip to main content

ЕК обезбеди уште 130 милиони евра за подобрување на надворешните граници на ЕУ

Европската комисија денеска издвои уште 130 милиони евра за антидрон-системи како дел од напорите за подобрување на надзорот на границите на Европската Унија и одговор на новите безбедносни закани.

ЕК наведе дека веќе издвоила речиси 420 милиони евра за дронови за надзор за европската гранична агенција Фронтекс.

Вкупното финансирање за технологиите за следење дронови и борба против беспилотните летала изнесува повеќе од половина милијарда евра – се наведува во соопштението на ЕК.

ЕУ претходно презеде мерки за следење и заштита на воздушниот простор и клучната инфраструктура од злонамерни закани од дронови преку воспоставување центар за извонредност за поддршка на иновациите во оваа област.

ЕК посочи дека според буџетот за заеднички одбранбени проекти, земјите од ЕУ планираат да организираат заедничка јавна набавка на системи за борба против дронови.(МИА)

Поврзани вести