Skip to main content

Се проширува листата: Кој ќе може да добие боледување без физичко присуство

Julio César Velásquez Mejía from Pixabay

Со предложените измени се проширува кругот на случаи во кои привремената спреченост за работа ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, објаснува дека ова олеснување е предвидено пред сè за тешко болните, неподвижните и тешко подвижните лица кои не се на болничко лекување.

Можноста ќе ги опфати и пациентите кои се наоѓаат на болничко лекување, родителите или другите лица кои придружуваат болно дете до тригодишна возраст додека детето е во болница, како и лицата кои се лекуваат во странство или придружуваат болно лице на лекување надвор од земјава.

Со измените попрецизно ќе бидат уредени и случаите во кои боледувањето може оправдано да се утврди ретроактивно. Меѓу нив се периодот по завршено болничко лекување и определени форми на подолготрајно лекување во дневна болница.

Перински нагласува дека целта е да се отстранат административните обврски кои создаваат дополнителен товар за луѓето што се наоѓаат во тешка здравствена состојба.

Поврзани вести