Skip to main content

Мицкоски: Каков меѓународен поредок ќе оставиме на децата? За мала земја како мојата, ова не е академско прашање, ова е прашање на опстанок!

Дете кое оваа есен за првпат ќе седне во училишна клупа, во 2040 година ќе биде млад човек на прагот на зрелоста. Не знаеме точно како ќе изгледа светот во кој ќе живее. Но веќе знаеме дека ќе биде поинаков од нашиот. Вештачката интелигенција ќе ги преобрази професиите, индустриите и начините на кои се носат одлуките. Енергетиката ќе функционира според нов распоред и нова логика. Климатските промени ќе влијаат врз економиите, земјоделството, градовите и движењето на луѓето. Демографските промени ќе ги преобликуваат пазарите на трудот и системите за социјална заштита. Безбедноста повеќе нема да зависи само од армиите и границите, туку и од електроенергетските мрежи, дата центрите, каблите, сателитите, алгоритмите и довербата во информациите што ги добиваме секој ден!

Со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски го започна својот говор на Генералната дебата на 81. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, денес во Њујорк.

А сепак, денес, додека се подготвуваме за таа иднина, милиони луѓе живеат среде војна или под закана од војна. Повеќе од сто милиони луѓе се присилно раселени. Повеќе од 270 милиони деца и млади не посетуваат училиште. Тоа е парадоксот на нашето време. Човештвото никогаш немало толку големи научни и технолошки можности. А сепак, никогаш не било поочигледно дека технолошката моќ не создава автоматски и политичка мудрост. Затоа вистинското прашање пред ова Собрание не е само како ќе управуваме со кризите во 2026 година. Вистинското прашање е: каков меѓународен поредок ќе ѝ оставиме на генерацијата што денес тргнува на училиште? За мала земја како мојата, ова не е академско прашање. Ова е прашање на опстанок – истакна македонскиот премиер.

Мицкоски посочи дека пред триесет и три години, кога станавме дел од Обединетите нации, светот изгледаше многу поинаку. Студената војна беше завршена. Постоеше надеж дека започнува нова ера — ера во која соработката постепено ќе го замени судирот.

Нашиот регион, меѓутоа, живееше во сосема поинаква реалност. Југославија се распаѓаше во крвопролевање. Војни се водеа непосредно зад нашите граници. Стравот дека насилството може да се прошири беше реален. А сепак, мојата земја го избра мирот. Ја избра стабилноста. Во тие околности, на наша територија, Обединетите нации направија нешто што дотогаш никогаш не го беа направиле: ја воспоставија првата превентивна мировна мисија во историјата на Организацијата. Тоа искуство остави длабока поука во нашата национална меморија, поука на која ќе се навратам кон крајот на моето обраќање. Мирот не започнува кога војната ќе заврши. Мирот започнува кога политиката е доволно мудра да спречи војната воопшто да започне – рече Мицкоски.

Премиерот оцени дека можеби затоа малите земји понекогаш поинаку гледаат на меѓународната политика.

Големите сили имаат простор за стратешки пресврти што малите држави едноставно го немаат. За голема сила, погрешна геополитичка проценка може да значи промена на стратегијата. За мала земја, истата грешка може да значи изгубена деценија. Затоа не можеме да си дозволиме да бидеме рамнодушни кон правилата. Ниту можеме да веруваме дека правилата сами ќе се одбранат. Светот што се обликува пред нас е свет на поостра конкуренција. Моќта се прераспределува. Односите меѓу големите сили сѐ повеќе ги обликуваат трговијата, технологијата, енергетиката, критичните суровини, транспортните правци и дигиталната инфраструктура. Она што до вчера го нарекувавме економска меѓузависност, денес сѐ повеќе го гледаме и како прашање на национална безбедност. Глобализацијата не исчезнува. Таа се преобликува. Синџирите на снабдување се менуваат. Производството повторно станува геополитичко прашање – посочи тој во својот говор.

Македонскиот премиер истакна дека државите не прашуваат само каде нешто може да се произведе најевтино, туку и кому може да му се верува; не само од каде доаѓа енергијата, туку и дали ќе биде достапна кога ќе настапи криза; не само кој ја развива следната генерација технологии, туку и кој ќе ги постави правилата според кои тие ќе функционираат.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet