Skip to main content

Ќе се финансира ли СДСМ преку „Паркинзи Центар“? Герасимовски вчера стана потпретседател, ПОЦ доби рамка од 2,95 милиони денари за маркетинг и медиуми

Горан Герасимовски вчера беше избран за потпретседател на СДСМ, а само ден подоцна во јавноста се отвора прашањето за начинот на кој ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, со кое раководи Општина Центар, планира да троши средства за маркетинг, односи со јавност и медиумско огласување.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ склучило две рамковни спогодби со вкупна максимална вредност од 2,95 милиони денари со ДДВ. Договорите се однесуваат на маркетинг и односи со јавност, медиумско планирање и закуп, организација на настани, како и видео, аудио и анимациска продукција.

Од предвидените услуги, 1,2 милиони денари без ДДВ се рамката за маркетинг и односи со јавност, додека дополнителни 300.000 денари без ДДВ се предвидени за медиумско планирање, закуп и огласување. Во договорот има и ставки за специјализирани текстови, комуникациски стратегии, анализи на медиумско присуство и социјални мрежи, како и изработка на промотивни материјали.

Втората рамковна спогодба, пак, е во вредност до 826.000 денари со ДДВ и се однесува на видео, аудио и анимациска продукција. Во неа е предвидена и продукција на имиџ, јубилејно или промотивно видео со цена од 613.600 денари со ДДВ.

Станува збор за максимални рамки, а не за сума која задолжително ќе биде потрошена. Според објавената документација, услугите ќе се нарачуваат поединечно и ќе се плаќаат само доколку се писмено нарачани, реализирани и прифатени.

Но, токму во овој момент се отвораат прашањата.

Дали јавните пари на граѓаните на Центар ќе се користат исклучиво за потребите на јавното претпријатие или дел од овие средства индиректно ќе придонесат за партиска промоција?

Дали маркетингот, медиумскиот закуп, специјализираните текстови и видео продукцијата ќе бидат користени само за информирање на граѓаните за услугите на „Паркинзи Центар“, или ќе има простор за политичка промоција на локалната власт и партијата на која ѝ припаѓа градоначалникот?

И уште едно прашање кое се наметнува по вчерашното унапредување на Герасимовски во партиското раководство:

Дали ваквите јавни набавки можат да создадат впечаток дека партиската инфраструктура и јавните претпријатија се испреплетуваат – односно дали „Паркинзи Центар“ станува финансиски ресурс за политичка активност?

За сега, нема објавен доказ дека средствата од овие договори ќе бидат пренасочени кон СДСМ. Напротив, самата документација предвидува конкретни услуги и плаќање само за реално нарачани и извршени работи. Но, поради природата на услугите – маркетинг, медиуми, односи со јавност, специјализирани текстови и видео продукција – јавноста има право да знае што точно ќе се произведува, каде ќе се објавува, кој ќе го нарачува и кој ќе има корист од медиумскиот закуп.

Особено што од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ се побарани дополнителни информации за потребата од овие набавки и планираниот обем на реализација, но до објавувањето на информацијата одговор не бил добиен.

Прашањето, затоа, не е само колку ќе се потрошат.

Прашањето е – за што точно ќе се потрошат?

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet