
Вчера во 18:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Д.(28) од Свети Николе.
По претходна расправија за паркинг, тој со патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки тргнал кон Р.Б и Ј.Б., двајцата од Свети Николе, при што турнал метална порта од дворното место на Р.Б. и Ј.Б., која паднала на нив и им нанела повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонски


