
На 25.9.2026 година (петок) во 12:00 часот, на Машинскиот факултет во Скопје, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на настан кој е дел од програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите 2026, поддржана преку акциите „Марија Склодовска-Кири“ од програмата Хоризонт Европа.
Приклучувањето на Македонија кон одбележување на Европската ноќ на истражувачите е на иницијатива на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Македонската академија на науките и уметностите, со поддршка од Министерството за образование и наука.
Настанот предвидува повеќе работилници, лабораториски посети, презентации, изложби на студентски и научноистражувачки проекти, како и други интерактивни активности.

Македонски


