
Две девојчиња се повредени, од кои едното тешко, при пад од електричен тротинет на кој се превезувале заедно.
Како што соопшти МВР, вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во дворно место на куќа, сопственост на Б.А. во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.
Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Македонски


