
Предлог рецепт за вкусни и крцкави мафини од компири, лесни за подготовка и одличен избор за брз оброк или предјадење.
Состојки:
- 450 грама пире од компир
- 3 јајца
- 120 грама чедар кашкавал( сецкан)
- 100 грама чадена сланина( сецкана на коцки)
- 1 лажичка сув зеленчук, бибер
- 20 грама пармезан
- кисела павлака
Подготовка:
Измешајте ги пирето од компири со изматените јајца, чедар кашкавалот, парчињата сланина и зачинете по вкус. Намастете калап за мафини и во секое вдлабнување ставете по една полна лажица од смесата. Посипете со пармезан и печете 30–35 минути на 200°C или додека не добијат златно-кафеава боја.Оставете ги да се изладат 5 минути и послужете ги топли со кисела павлака.

Македонски


