
Стилистот Сергеј Варошлија по долго време отворено проговори за некогашното блиско пријателство со водителката Лила Филиповска. Тие со години беа едни од најпрепознатливите пријатели на македонската јавна сцена, блиски и често заедно, но во еден период, нивниот однос целосно се промени.
Варошлија во 2023 година јавно зборуваше за прекинот на комуникацијата, откако, како што тогаш раскажа, Филиповска го блокирала него и уште некои лица со кои претходно била блиска. Години подоцна, темата повторно се отвори – овојпат во неговото гостување кај Стефонатор, каде што Варошлија одговараше на прашања со полиграф.
На прашањето дали му е криво што повеќе не е во контакт со неа, Варошлија рече дека не жали за прекинот на дружбата, но дека му е жал што меѓу нив останале нарушени односи.
Не. Криво ми е поради нарушени односи. Непотребно. Јас не сакам нарушени односи. Јас не сум конфликтен, не сакам да се карам, јас не сакам да се објаснувам, јас не сакам да имам негативен електрицитет спрема никого. Меѓутоа толку било кажано или пишано, вели Варошлија.
На прашањето дали некогаш му недостига нивното дружење, вели дека и покрај прекинот, убавите спомени не исчезнале. Според него, таа е „една од најсмешните луѓе“ што ги запознал во животот.
Знаеш, ова е многу смешно. Мислам, таа е една од најсмешните луѓе што јас во живот имам сретнато и секогаш сум ѝ велел: Да си здрава и жива. И денес сакам да мислам исто, да е здрава и уште сто години, баш заради тоа што успеала да ме насмее на смешен начин по сто пати на ден. Дури сега ми е смешно, раскажа Варошлија.

Македонски


