Skip to main content

Вечер на перформанси за деведесеттите години во Источна Европа на КРИК

Во рамки на 11-тото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, Контрапункт организира вечер со два перформанси кои се навраќаат кон деведесеттите години и постсоцијалистичката транзиција преку две различни, лични и политички перспективи. Пана Адоржани, во копродукција со HELLERAU – European Centre of the Arts, со „Хаос, капитализам и добротворност“ се навраќа на своето детство во Романија низ призмата на парите, нееднаквоста и новиот капиталистички поредок, додека Карол Фило во „Ненасилни тела“ се враќа во Словачка во деведесеттите, кон насилството на крајната десница, антифашистичкиот отпор и противречностите на европската фантазија за ненасилство.

Перформанските ќе се одржат на Факултетот за драмски уметнсти (ФДУ), на 23 септември (среда), со почеток во 19 часот.

„Хаос, капитализам и добротворност“ – Пана Адоржани и HELLERAU – European Centre of the Arts
Родена на крајот на 1990 година, Пана Адоржани ја поминува првата деценија од својот живот додека Романија се обидува да се снајде во хаотичната реалност по падот на комунизмот. Додека Пана ги минува пресвртниците на сопственото детство – патува преку повеќе граници без виза на деветмесечна возраст, учи да чита пред да тргне на училиште и ги пишува своите први песни – Романија минува низ етнички конфликти, разорни пирамидални финансиски шеми, насилни судири и враќање на поранешните комунистички елити на власт.

Овие две временски линии, навидум со малку заеднички нешта, во „Хаос, капитализам и добротворност“ почнуваат да се испреплетуваат. Преминот кон демократијата истовремено е и премин кон глобализмот и капитализмот, а Адоржани ја набљудува оваа трансформација преку парите – нешто што го придвижува, но понекогаш и го запира, светот околу неа.

Задржувајќи се токму на оваа непријатна тема, перформансот размислува за нееднаквоста, филантропијата и eudaimonia – идејата за добриот живот и за тоа што воопшто значи да се живее и да се прави добро.
Копродукција: Panna Adorjáni & HELLERAU – European Centre of the Arts
Времетраење: 30 минути
Јазик: англиски

Пана Адоржани е уметница по потекло од Клуж, Романија, која живее и работи во Берлин. Нејзината работа се движи меѓу книжевноста, музиката и перформансот, при што границите меѓу жанровите постојано се менуваат. Во својата повеќејазична и интердисциплинарна уметничка практика, општествените и политичките теми често ги истражува преку лична перспектива.
Нејзиниот интерес за формата, жанрот и концептуалната работа произлегува и од долгогодишното образование по класична музика, додека во колаборативните процеси претпочита хоризонтални и лабораториски начини на работа. Адоржани работи и на докторска дисертација посветена на моделите на колективно создавање во романскиот театар во периодот од 1945 до 1989 година.

Во „Ненасилни тела“, Карол Фило нè носи во Словачка во деведесеттите години – период во кој дел од општеството верува дека политичката природа на секојдневниот живот исчезнала во неолибералниот сон за слободниот пазар и индивидуалната конкуренција.

Истовремено, припадниците на антифашистичкото движење внимателно ги следат активностите на десничарските и неонацистичките скинхед групи, неретко избирајќи да одговорат со контранасилство. Во тензијата меѓу европската фантазија за ненасилство и проживеаната реалност на физичката конфронтација, Фило истражува што значи да се браниш себеси, но и што значи да ги браниш маргинализираните групи.
Автор и изведувач: Karol Filo
Коавтор на текстот: Radek Wollmann
Драматуршка поддршка: Viktor Prokop, Orin Rodrigues
Уметнички советници: Gosia Wdowick, Ira Brand, Robert Smolík
Продукција: Unkulunkulu, KLAS CREW
Посебна благодарност: Janka Dold, Tobiáš Nevřiva, Sodja Lotker
За Карол Фило
Карол Фило е интердисциплинарен уметник и изведувач роден во Словачка, кој живее и работи во Прага. Неговата работа ги истражува пресеците меѓу документарниот перформанс, општествената имагинација и личниот наратив. Студирал Алтернативен и куклен театар на DAMU во Прага, а престојувал и на HKU во Утрехт и AVU во Прага.
Неговите документарни перформанси „language barrier equal“ и „The Good Times Are Over“ ја добиваат наградата „Project of the Year“ на фестивалот Příští vlna/Next Wave во 2022 и 2025 година. „The Good Times Are Over“ го претставил и во HELLERAU, каде подоцна учествувал во резиденцијата Dreaming 90 и го претставил „Non-Violent Bodies“ во рамки на културниот форум Transformation Forever.
Во својата работа се занимава со блискоста, поларизацијата, насилството, моралот, отпорот, хиерархиите на моќ, пропагандата и колонијализмот. Комбинира документарни, театарски, филмски, концептуални и етнографски пристапи, а истражувањето го користи како начин за разбирање и активно соочување со реалноста.
По перформансите следува разговор со Мања Величковска
Мања Величковска (р.1995) е истражувачка, уредница и културна работничка, која ги поврзува критичката мисла и пишувањето во ангажман насочен кон создавање поинклузивни, солидарни и политички живи културни содржини и места. Дипломирала на Одделот за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже
Конески“, а магистрирала естетика на Катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет на УКИМ. Од 2022 година работи како истражувачка и проектна координаторка во Коалиција МАРГИНИ, каде се занимава со истражувања во областа на родот, сексуалноста, антиродовите мобилизации, човековите права и независната култура, а е и дел од тимот на Фестивалот за квир уметност, теорија и култура Skopje Pride Weekend. Од 2023 година е членка на Комитетот за доделување грантови на Global Fund for Women за поддршка на движењата за родова правда на Балканот, а од 2026 година е регионална координаторка на книжевниот избор „Штефица Цвек“, кој го организира колективот Pobunjene čitateljke, чија членка е од 2017 година. Активно е вклучена и во независната културна сцена како членка на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена. Авторка и коавторка е на повеќе истражувања, публикации и извештаи од областа на родовата еднаквост, човековите права и антиродовите политики, а работи и како уредничка и преведувачка на публикации од областа на квир и феминистичката теорија. Во својата работа е посветена на бавен и трпелив труд што отвора критички прашања и создава можности за нови форми на поврзување, отпор и колективна имагинација.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisinterbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetstarzbetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetzbahisholiganbetizmir escort