
Петнаесетгодишник е уапсен откако по случена сообраќајка е утврдено дека возел автомобил.
Како што соопшти МВР, ноќва во 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 15-годишен малолетник од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.
По претходно случена сообраќајна несреќа во с.Скудриње и извршен увид, било констатирано дека малолетникот управувал патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола. Возилото е одземено, а
лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Македонски


