Skip to main content

Борислав Павловски е добитник на интернационалниот „Драги“ за преводот на „Бајазит и Оливера“

Издавачка куќа „Антолог“

Интернационалната награда „Драги“ за најдобар превод на книжевно дело напишано во оригинал на македонски јазик му се доделува на Борислав Павловски за преводот на хрватски јазик на романот „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски, објавен годинава во издание на престижната издавачка куќа „ТИМ прес“ од Загреб, Хрватска, соопшти издавачката куќа „Антолог“ која ја доделува наградата.

Павловски е еден од истакнатите преведувачи од македонски јазик, препознатлив по својот исклучителен јазичен усет, книжевна прецизност и посветеност на пренесувањето на вредни дела од македонската литература во хрватскиот културен простор. Со својот долгогодишен опус и дејност, тој значајно придонесува за афирмацијата на македонската книжевност, додека во својот најнов превод, Павловски се соочува со исклучително сложен и повеќеслоен текст, во кој се преплетуваат историското и интимното, поетското и филозофското, возвишеното и телесното. Преведувачот со голема јазична чувствителност и книжевна прецизност успева да го пренесе богатството на авторскиот израз, зачувувајќи ја неговата ритмичност, стилска особеност и емоционална длабочина.

Преводот на „Бајазит и Оливера“ претставува пример за преведувачка работа во која верноста кон оригиналот и творечката слобода се наоѓаат во внимателно воспоставена рамнотежа. Токму во тоа се состои и неговата најголема вредност: во способноста делото на Драги Михајловски да проговори со истиот интензитет, книжевна сила и универзалност и пред новата читателска публика, велат од жири комисијата која одлучуваше за доделување на наградата „Драги“.

Посебна вредност на преводот е способноста да се воспостави природен и уверлив книжевен јазик, кој не само што верно го следи оригиналот, туку и самостојно функционира како книжевен текст, се вели во образложението на наградата.

Преку внимателен избор на зборови, прецизно пренесување на нијансите и чувството за историскиот и културниот контекст, Павловски создава превод што му овозможува на читателот од друг јазичен простор да ја почувствува целата драматичност и комплексност на романот, се додава.

Одлуката доаѓа во година кога македонската културна јавност одбележува 75 години од раѓањето на Михајловски.

Борислав Павловски (Бјеловар, 1950) е македонист, филолог, театролог, преведувач, универзитетски професор и автор. На Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб дипломирал јужнословенски јазици и книжевности и филозофија, каде што подоцна магистрирал и докторирал од областа на филологијата и театрологијата. Магистерскиот труд му е посветен на обликувањето на ликовите во драмите на Коле Чашуле, а докторската дисертација на просторот во драмите на Чашуле. На почетокот на кариерата работеше и како постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Хрватска. За својот долгогодишен научен и преведувачки труд тој е почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и добитник на признанијата „Блаже Конески“ на МАНУ и „Апостол Павле“.

Жири-комисијата ја соопшти и листата на 12 дела од осум различни јазици што влегуваат во вториот круг на селекција за домашната награда „Драги“. Годинава признанието првпат се фокусира на препевот на поетски дела во стих. Во потесниот избор се најдоа:

Ана Пејчинова за препевот од англиски јазик на „Избрани песни“ од Радјард Киплинг, издание на „Полица“, 2024 година
Даниела Спироска за препевот од англиски јазик на „Песни“ од Дилан Томас, издание на „ПНВ Публикации“, 2026 година
Драгана Евтимова за препевот од словенечки јазик на „Тускулум“ од Денис Шкофич, издание на „ПНВ Публикации“, 2025 година
Ели Пујовска за препевот од холандски јазик на „Златен венец – одбрани песни од Анеке Брасинга“, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година
Звонко Танески за препевот од словачки јазик на „Златен венец – одбрани песни од Иван Штрпка“, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2025 година
Иван Шопов за препевот од бугарски јазик на „Писма до Нија која не ја родив“ од Димана Јорданова, издание на „Чудна шума“, 2026 година
Игор Радев за препевот од кинески јазик на „Безначајни песни“ од Шји Чуан, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година
Јулијана Величковска за препевот од англиски јазик на „Погребувањето на глувчарапчето“ од Дерин Рис-Џоунс, издание на „ПНВ Публикации“, 2025 година
Ксенија Чочкова за препевот од германски јазик на „Повторното воведување на песочниот часовник“ од Михаел Кригер, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година
Никола Ѓелинчески за препевот од англиски јазик на „Неред“ од Питер Мекеј, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година
Никола Маџиров за препевот од бугарски јазик на „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, издание на „Или-или“, 2025 година
Петар Андоновски за препевот од грчки јазик на „30 грчки современи автори“, издание на „Прозарт“, 2025 година

Интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод од македонски на странски јазик ги зема предвид различните параметри при појава на одреден превод во друга културна средина. Пред сè – нивото на преводот, но и актуелноста, рецензиите, влијателноста, поттикнувањето интерес за авторот, препознатливоста, зголемувањето на интеркултурниот дијалог, итн. Со оваа награда четврта година по ред се дава сериозен поттик за сите книжевни преведувачи од македонски јазик со голема внимателност да пристапуваат кон преводот на македонската литература и почесто да се решаваат делата на нашите автори да се најдат во понудата на издавачките куќи од Европа и од светот.

Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

За наградата „Драги“ првично беа номинирани 24 дела во превод на македонски јазик на 27 преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно се опфатени дела од стотина светски поети. Првпат откако е основана оваа награда ќе биде доделена за превод на поетско дело, со што ќе се потполни голема празнина во нашата културна средина, а воедно и достојно ќе се чествува името на д-р Драги Михајловски, кој даде најголем придонес токму во препевот на книжевни дела во стих.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со препевите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше како на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор, така и на сите што се занимаваат со науката за превод (транслотологија).

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositzirvebetbahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişcasibomAvvabetAvvabet GirişAvvabet GirişAvvabetAvvabet GirişAvvabetAvvabetstarzbetcasibombahsegel girişbahsegelmeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobet