
Фулам испушти победа над Манчестер јунајтед во натпревар од петтото коло на Премиер лигата.
Натпреварот се одигра на стадионот „Крејвен Котиџ“ во Лондон и заврши нерешено 1:1.
Првото полувреме заврши без голови. По паузата, Фулам поведе со автогол на дефанзивецот Лисандро Мартинез (63. минута). Конечните 1:1 ги постави Куња во 89. минута.
Со само пет бода од можни 15, Манчестер јунајтед се наоѓа на 12. место на табелата во Премиер лигата.
Фулам го освои вториот бод и се наоѓа на претпоследното, 19. место.

Македонски


