
Ноќеска во 00:45 часот во Штип, полициски службеници од Полициска станица Штип го лишиле од слобода 28-годишниот Б.М. од Штип.
Како што се наведува во полицискиот билтен претходно тој, додека бил работно ангажиран во угостителски објект во Штип, по вербална расправија со вработените во истиот објект, физички ја нападнал неговата партнерка С.М.(29) од Штип, која исто така работела во објектот.
Освен тоа, Б.М. му се заканувал и на полициски службеник, кој извршувал службени дејства.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Македонски


